Дома Фудбал Сите го отпишуваа кога дојде, а тој на Челси му донесе европски пехар

Сите го отпишуваа кога дојде, а тој на Челси му донесе европски пехар

Тренерот на фудбалерите на Челси, Енцо Мареска, изјави по освојувањето на Конференциската лига дека се надева дека тоа ќе биде почетна точка за нови успеси на клубот.

Фудбалерите на Челси во средата ја освоија Конференциската лига, откако во финалето го победија Бетис со резултат 4:1.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


„Многу сум среќен. Клубот вложи доста пари во последните две, три години, така што и тие очекуваат резултати. Сега ќе уживаме малку десетина дена, а потоа ни претстојат нови предизвици. Ќе се обидеме следната сезона да бидеме уште подобри, на добар пат сме да направиме нешто значајно“, рече Мареска, пренесува Би-Би-Си.

Тој истакна дека Челси имал проблеми во првото полувреме, но во второто одиграл многу подобро.

– Бев малку фрустриран во првото полувреме бидејќи мислам дека му пристапивме на натпреварот на погрешен начин – изјави тренерот на Челзи.

Мареска подвлече дека е горд на својот тим и додаде дека Челзи имал помалку време од Бетис да се подготви за натпреварот.

– Им реков на момците дека ако сакаме да бидеме голем тим, тогаш мора да ја завршиме работата како досега и да победиме во финалето. Бевме малку поуморни од нив бидејќи имавме 48 часа помалку помеѓу претходниот натпревар. Тие во петок играа натпревар кој не им беше важен, додека ние во недела имавме важен натпревар против Нотингем Форест – рече Мареска.

Челзи ќе игра на Светското клубско првенство од 14 јуни до 13 јули во групата Д против Фламенго, Есперанса и победникот од баражот помеѓу Лос Анџелес и Клуб Америка.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер објави трагична вест пред финалето на Лигата на шампионите

Трагичната вест пристигна во саботата, кога Интер ќе се соочи со Пари Сен Жермен во Минхен…