Дома Фудбал Сирија со падот на Асад ја промени бојата на дресовите и логото

Сирија со падот на Асад ја промени бојата на дресовите и логото

Откако бунтовниците во Сирија го срушија режимот на претседателот Башар ал-Ассад, дојде до промени во Фудбалскиот сојуз на Сирија.

Во Фудбалскиот сојуз на Сирија, охрабрени од падот на режимот, решија да ја променат бојата на дресот и грбот на репрезентацијата, така што веќе нема да биде црвена.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Да потсетиме, сириските бунтовници во неделата го освоија Дамаск и ја соборија власта, а Ассад побегна во Русија по 15 години граѓанска војна и шест децении автократска власт на неговото семејство.

Набргу по тоа, Фудбалскиот сојуз на Сирија објави дека ги менува боите на дресовите и грбот на репрезентацијата. Имено, од сега натаму фудбалерите на Сирија ќе носат зелена опрема наместо црвена, а зелената боја ја заменува црвената на грбот на репрезентацијата.

Покрај објавениот нов изглед на грбот, ФС на Сирија објави и фотографија од неколку свои фудбалери во новите, зелени дресови.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн веќе донесе одлука, Џексон може да резервира повратен билет

Иако не е ниту крај на октомври, Баерн Минхен сфати дека Николас Џексон не е паметна инвес…