Дома Фудбал Манчестер Јунајтед нема да ги исполни барањата на Зиркзее и Мејну

Манчестер Јунајтед нема да ги исполни барањата на Зиркзее и Мејну

Манчестер Јунајтед нема да ги задоволи желбите на Џошуа Зиркзее и Коби Мејну за трансфери од клубот во јануари. Зиркзее има одиграно вкупно 90 минути во пет натпревари од почетокот на сезоната, и не започнал како стартер од месец април.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англичанецот има вкупно осум учества од почетокот на кампањата, но стартуваше само при поразот од Гримзби Таун во Лига Купот. Двајцата играчи сакаат повеќе минути на теренот и затоа бараат да преминат во други клубови за време на зимскиот трансфер период.

Од “Олд Трафорд” сепак нема да ги исполнат нивните барања. Причината за ова е што Рубен Аморим планира да ги користи повеќе во декември и јануари, бидејќи Брајан Мбемо и Амад Диало ќе бидат повикани во националните тимови на Камерун и Брегот на Слоновата Коска за Африканскиот Куп на Нации. Истото важи и за Нусаир Мазрауи, кој ќе биде дел од репрезентацијата на Мароко.

Турнирот започнува на 21 декември и завршува на 18 јануари. Зимскиот трансфер период пак се затвора на 2 февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има ли конфликт во Франција: Дембеле искрено за Мбапе!

Усман Дембеле застана во одбрана на Килијан Мбапе, истакнувајќи дека критиките насочени ко…