Дома Фудбал Дибала е подготвен да ја намали својата плата за да остане во Рома

Дибала е подготвен да ја намали својата плата за да остане во Рома

Спортскиот директор на Рома, Фредерик Масара, ќе мора да се справи со неколку тешки прашања во јануари, вклучувајќи ги и истекувањата на договорите на Зеки Челик, Лоренцо Пелегрини, Стефан Ел Шаарави и Пауло Дибала.

Додека случаите со првите тројца се уште се отворени, приоритет за клубот изгледа обновувањето на договорот на Дибала, пишуваат италијанските медиуми.

Аргентинецот често страда од повреди и сакаше да се тестира физички дали ќе успее да се вклопи како клучен играч во проектот на Гасперини. Во моментов, Дибала добива околу 8 милиони евра по сезона, но играчот е склон да прифати намалување на платата за да остане во Рим. Преговорите ќе започнат во наредните недели, соопшти “Кориере дело спорт”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал откри што му кажал Мората пред натпреварот со Бразил

Ламин Јамал се присети на разговорот со Алваро Мората пред пријателскиот натпревар меѓу Шп…