Дома Останати Тенис Новак Ѓоковиќ предизвика бурна расправа – еве за што се „скараа“ легендите

Новак Ѓоковиќ предизвика бурна расправа – еве за што се „скараа“ легендите

Трката за Торино влегува во завршница, но едно прашање доминира меѓу љубителите на тенисот – дали Новак Ѓоковиќ навистина ќе игра на АТП финалето во 2025 година?

Темата предизвика бурна расправа во најновата епизода на подкастот “Nothing Major”, каде што поранешните асови Сем Квери, Џон Иснер, Стив Џонсон и Џек Сок ги изнесоа своите мислења за распоредот, формата и мотивацијата на најдобрите тенисери во светот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


– Синер, Алкараз, Зверев и Ѓоковиќ се сигурни за Торино – почна Квери: – Остануваат уште четири места – Фриц, Шелтон, Де Минор и Музети моментално се во игра.

Тогаш се постави дилемата – дали Ѓоковиќ навистина ќе настапи?

– Мислам дека нема. И се надевам дека грешам. Сите би сакале да го видиме таму, но со 38 години и распоредот кој го имаше, не верувам дека ќе игра. Го прескокна Торино и минатата година, се повлече од Париз. Мислам дека веќе се подготвува за 2026 – изјави Иснер.

Квери имаше спротивно мислење:

– Јас мислам дека ќе игра. Последниве месеци изгледа расположен. Во Шангај беше насмеан, можеби ќе дојде во Торино и ќе си рече: ‘Зошто да не, можам да го победам и Синера и Алкараза.’ Мислам дека ќе игра – но никогаш не можеш да знаеш со Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер освои неверојатни 11 милиони долари од два турнира (Фото)

Поголемиот дел од играчите сонуваат дека во текот на кариерата ќе заработат десетцифрени с…