Дома Фудбал Синот на Марсело постигна четири гола на дебито за пионирите на Реал Мадрид

Синот на Марсело постигна четири гола на дебито за пионирите на Реал Мадрид

Младиот син на еден од најдобрите бекови во историјата на фудбалот и легендата на „лос бланкос“ Марсело, го одигра својот прв натпревар за пионерската селекција на актуелниот шампион на Шпанија, и во него постигна бројки кои навистина привлекуваат внимание.

Во извонредната победа на составот на „кралевите“ до 12 години, десетгодишниот Лијам Алвес постигна четири гола. Неговиот тим славеше со 24:0 против локалната Фуенталарења.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вреди да се напомене и дека постариот син на Марсело Енцо веќе направил сериозни чекори кон тоа да ги пополни татковите чевли, бидејќи настапува за младинскиот состав на Реал и репрезентацијата на „Црвената фурија“ до 16 години.

Момчето родено во 2009 година игра на позиција напаѓач, а за У15 тимот на Шпанија постигна четири гола на пет натпревари. Исто така, претходната сезона даде 24 гола на 18 настапи за „Ла Фабрика“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…