Дома Фудбал Синот на Буфон нема да игра за Италија: Избра друга репрезентација

Синот на Буфон нема да игра за Италија: Избра друга репрезентација

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Бофон ја заврши кариерата пред две години, но на фудбалските терени и во иднина ќе гледаме уште еден Буфон.

Синот на Џанлуиџи, Луис Томас Буфон, има 17 години и се развива во професионален фудбалер, но интересно е дека тој нема да го следи патот на татко му кога станува збор за репрезентацијата.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Имено, Луис Буфон доби покана во репрезентацијата на Чешка, а не на Италија, што изненади многу фанови, но причината е сосема очигледна.

Луис Буфон има чешко државјанство бидејќи неговата мајка, а бившата сопруга на Џиџи, е Чехинка, Алена Шередова. Џиџи доби син од Шередова во 2007 година, а беа во брак од 2011 до 2014, кога се разведоа. Денес легендарниот голман е во брак со Иларија Д’Амико, италијанска ТВ водителка.

Сега е очигледно дека Луис е многу поблиску до репрезентацијата на земјата од која потекнува неговата мајка и доби повик за кадетската селекција, додека на клупско ниво настапува за италијанскиот клуб Пиза, каде игра во младинскиот тим (две години постара конкуренција).

Оваа сезона Луис Буфон има 18 настапи во дресот на Пиза во Примавера, а постигна четири голови.

Чешките медиуми пишуваат дека Луис ја прифатил поканата на нивната репрезентација и ќе се појави на собирот за мартовскиот турнир во Португалија, каде што Чесите ќе се сретнат со Англија, Франција и домашната репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалските надежи се реваншираа на БиХ: Победија со гол во 90. минута

Младата репрезентација на Македонија до 17 години славеше минимална победа со 1:0 против с…