Дома Останати Тенис Синер за првпат искрено зборуваше: Откри зошто е непобедлив кога се игра во сала

Синер за првпат искрено зборуваше: Откри зошто е непобедлив кога се игра во сала

Јаник Синер го брани својот трофеј на завршниот Мастерс во Торино, на истото место каде што го имаше последниот пораз во сала пред две години во финалето против Новак Ѓоковиќ.

Од тогаш, Италијанецот бележи значаен успех кога игра во сала. Освои 28 натпревари последователно и две Дејвис куп титули, по една во Торино, Ротердам, Виена и Париз.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


– Не сум играл многу на вакви услови кога бев мал, но брзо се прилагодувам затоа што одговараат на мојот стил на тенис – објаснува младиот Италијанец.

Интересна е разликата помеѓу него и Карлос Алкараз, која може да важи и за Рафаел Надал. Синер е роден во планински регион каде тенисот честопати се игра внатре, наспроти шпанските тенисери кои се родени на Медитеранот и најчесто тренираат на отворено. Синер е најуспешен во сала, додека Шпанците се послаби. Многумина тоа го сметаат за причина зошто и Алкараз и Надал постигнуваат помалку успеси во овие услови, а дури и Карлос неодамна се согласи.

– Многу побрзо го наоѓам ритамот на тренинзите во внатрешни услови – вели Синер. – Нема ветар, нема сонце, кога силно удирате топката, многу е потешко да се промени ритамот отколку надвор. Тоа е клучно за мојата игра и овие услови ми помагаат многу.

Вчера вечерта го надигра Александер Зверев со 6:4, 6:3, петти пат по ред. Германецот ја дели судбината на Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев против кои Синер првично постигнуваше порази, но сега има долга серија победи. Во овие успеси тој нагласува дека тајната е во неговата извонредна концентрација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ: Другите ги казнуваат со години, а Синер само три месеци

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за допинг скандалот на Јаник Синер порано оваа го…