Дома Останати Тенис Синер во тешки проблеми, Русин за ист прекршок со допинг доби две години суспензија

Синер во тешки проблеми, Русин за ист прекршок со допинг доби две години суспензија

Јаник Синер би можел да се соочи со голем проблем по новата одлука на Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА), која го суспендираше рускиот тенисер Данила Савељев на две години, откако беше позитивен на допинг тест.

Како ова би можело да влијае на Синера? Како и Италијанецот, Савељев се бранеше дека не го користел допингот намерно, но тоа не му помогна и заработи суспензија. Сега светот на тенисот чека да види што ќе се случи со Синер, а интернетот и социјалните мрежи „изгореа“ откако беше објавено дека Савељев е суспендиран.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Многумина истакнуваат дека случајот е речиси идентичен, но разликата е во тоа што Синер е прв, а Савељев е 2492. играч во светот и дека и финансиските средства се сериозна разлика.

Еден од коментарите на социјалните мрежи беше дека Русинот „немал пари да плати некому да преземе одговорност наместо него“, алудирајќи на тоа што членови од тимот на Јаник јавно истакнаа дека Италијанецот бил допингуван поради нив и дека забранетата супстанца се нашла во телото на првиот играч во светот преку маст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кирјос се врати на терените по две години и – изгуби!

Ник Кирјос две години и два месеци, односно 26 месеци, не играше тенис во вистинска смисла…