Дома Останати Тенис Синер размислувал за повлекување од тенисот за време на допинг аферата

Синер размислувал за повлекување од тенисот за време на допинг аферата

Првиот тенисер во светот, Италијанот Јаник Синер, рече дека размислувал за повлекување од тенисот за време на неговата допинг афера, бидејќи не се чувствувал пријатно откако играчите го гледале поинаку за време на Австралија опен во Мелбурн, каде зимава ја одбрани титулата.

Синер во февруари прифатил суспензија по договорот со Светската антидопинг агенција (ВАДА). Тој претходно беше ослободен од вина и покрај тоа што минатата година во два наврата падна на тестирањето, кога беше позитивен на клостебол.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Се сеќавам дека пред Австралија опен годинава не бев баш во добар момент бидејќи се уште траеше случајот со допингот. Не се чувствував баш пријатно во соблекувалната и таму каде што јадев. Како некои играчи да ме гледаа поинаку и тоа не ми се допаѓаше. Мислев дека е премногу да бидам во тенисот со таква атмосфера“, рече Синер за италијанската телевизија Rai, пренесе Би-Би-Си.

Фото: Grok AI

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова се двајцата потенцијални нови тренери на Алкараз: Едниот играл 21 пат против Ѓоковиќ, другиот бил прв во светот

По објавата дека Хуан Карлос Фереро веќе не е тренер на Карлос Алкараз, многу тениски експ…