Јаник Синер се пласираше во финалето на Австралија Опен бидејќи денес без поголеми проблеми во полуфиналето го „измете“ Бен Шелтон со 3:0 во сетови.
Синер не го отвори натпреварот најдобро бидејќи го изгуби сервисот во првата гем кој Шелтон успеа да го добие. Сепак, Синер во четвртата игра врати брејк и изедначи на 2:2.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Потоа се играше гем за гем, а кога Синер поведе со 5:4 се чинеше дека првиот сет е при крај. Но, Шелтон успеа да изедначи на 5:5, а потоа и повторно му земе брејк на Италијанецот за 6:5.
Голема борба видовме во следната игра која ја сервираше Шелтон. Имаше две сет топки, но не успеа да ги искористи. Синер некако успеа да се спаси во играта и да врати брејкот за 6:6, што целосно му го уништи ритамот на Шелтон.
Во тај-брекот Италијанецот ја покажа својата сила и го доби со 7:2, и така дојде до 7:6 и 1:0 во сетови во ова полуфинале.
Вториот сет не беше толку драматичен. Синер со фантастична игра и со два брејка успешно дојде до 4:0 што за Американецот беше недостижно. Шелтон успеа да дојде само до два брејка, а Синер поведе со 2:0 во сетови откако вториот сет го реши со 6:2.
Во третиот сет Шелтон веќе играше значително подобро и се трудеше што подолго да остане во полуфиналето.
Како што е веќе познато, Синер во финалето ќе игра против Александер Зверев на кој во полуфиналето Новак Ѓоковиќ му го предаде натпреварот поради повреда.