Дома Останати Тенис Синер доминира во тенисот, а сега донесе одлука која го изненади дури и Ѓоковиќ

Синер доминира во тенисот, а сега донесе одлука која го изненади дури и Ѓоковиќ

Јаник Синер водечки на ATP листата, го изненади тенискиот свет со одлуката пред Вимблдон да ги отпушти двајцата свои тренери, Улисес Бади и Марко Паники. Тој рече дека не се случило ништо сензационално и дека само решил да направи нешто поинакво, но многу беа шокирани од таа одлука. Еден од нив е и Новак Ѓоковиќ.

За многумина најдобриот тенисер на сите времиња, освојувач на 24 Гренд слем титули, 40 Мастерс турнири и вкупно 100 ATP турнири, беше замолен пред почетокот на Вимблдон да го коментира потегот на Синер. Тој го пофали работењето на отпуштените двајца со кои и самиот соработувал и призна дека е изненаден.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Работев со Мацко и Ули, мислам дека се големи професионалци и дека многу допринеле за мојот успех. Искрено, не знам зошто Синер го направи тоа. И јас бев изненаден бидејќи сметав дека неговата игра и физичката подготвеност значително напредувале во последните година и пол, а тие беа важен дел од тој тим”, рече Ѓоковиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…