Дома Фудбал Симеоне за контроверзните ситуации од натпреварот на Реал: Не знам зошто сте изненадени, тоа го прават 100 години

Симеоне за контроверзните ситуации од натпреварот на Реал: Не знам зошто сте изненадени, тоа го прават 100 години

Судиските одлуки повторно се главна тема на јавноста во Шпанија по синоќешниот натпревар Реал Мадрид – Селта Виго. За тоа денес зборуваше и Диего Симеоне кој призна дека не го гледал мечот, но дека воопшто не го изненадува она што се случило.

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Купот на Кралот, но многу потешко отколку што се очекуваше, бидејќи дури по продолженијата ја победи Селта Виго.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Кралевите водеа на својот терен со 2:0, но Селта успеа во завршницата да дојде до 2:2 и да избори продолженија.

Сепак, во продолженијата Реал постигна дури три гола и победи со 5:2. Меѓутоа, по натпреварот во Мадрид најмногу се зборуваше за судиските одлуки, бидејќи многумина сметаат дека Селта синоќа била жестоко оштетена.

Гостите од Виго сметаат дека не им беа досудени два чисти пенала, и дека беше јасно дека судијата ја фаворизираше домашната екипа со многуте одлуки.

За судењето на синоќешниот натпревар се зборуваше и денес на прес-конференцијата на Атлетико Мадрид, на која се појави Диего Симеоне.

“Не го гледав натпреварот. Ми кажаа какви работи се случувале, но тоа тие го прават веќе 100 години. Не знам навистина зошто сте изненадени”, коментираше тренерот на Атлетико Мадрид.

Овие зборови на Симеоне не им се допаднаа на навивачите на кралскиот клуб, кои на социјалните мрежи жестоко одговорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома продолжи со добрите партии🎥

Рома ја победи Џенова со 3-1 на „Олимпико“ и стигна до седмиот триумф во Серија А оваа сез…