Дома Фудбал Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2030 година?

Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2030 година?

Џулијано Симеоне го продолжува договорот со Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Првата задача што новиот спортски директор на Атлетико Мадрид, Матеу Алемани, сакал да ја заврши веднаш по преземањето на функцијата, била иднината на Џулијано Симеоне.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Младиот аргентински напаѓач и клубот веќе некое време воделе преговори за продолжување на соработката, а за време на паузата за репрезентации во ноември договорот конечно бил финализиран.

Сè е подготвено за потпис, со што Атлетико ќе ги отстрани интересите на бројни европски великани кои во последните месеци внимателно го следеле развојот на Симеоне.

Според информациите кои ги пренесува Марка, договорот помеѓу Атлетико и Симеоне донесува подолг договор, поголем договорен износ и значително повисока откупна клаузула.

Наместо неговиот актуелен договор да истече во 2028 година, Џулијано сега ќе биде врзан до летото 2030 година, што значи продолжување за уште две сезони.

Финансиски, новиот договор вклучува зголемување на платата и зголемување на клаузулата од 50 на 100 милиони евра, јасен сигнал дека клубот има намера цврсто да го задржи младиот напаѓач и да спречи било каков обид за “кражба” на талентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија со реми против Летонија патува на завршна битка со Велс во Кардиф!

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го одигра пријателскиот натпревар против …