Дома Фудбал Силен Арсенал го надигра Баерн, Ливерпул тоне, Мбапе незапирлив

Силен Арсенал го надигра Баерн, Ливерпул тоне, Мбапе незапирлив

Арсенал сосема заслужено му ја нанесе првата загуба за сезоната на Баерн Минхен и победи со 3:1 во најочекуваната пресметка од 5-тото коло на главната фаза на Лигата на шампионите.

Јуриен Тимбер постигна прв гол за “топџиите” во 22-рата минута со вообичаеното оружје на тимот на Микел Артета – гол од корнер. Во 32-рата минута, супер талентот на Баварците Ленарт Карл израмни.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во второто полувреме на теренот имаше само еден тим и со головите на резервистите Нони Мадуеке (69′) и Габриел Мартинели (76′) “топџиите” ја извојуваа победата, иако пропуштија уште неколку шанси.

Ливерпул запиша трет пораз по ред, откако беше поразен на “Енфилд” со 1:4 од лидерот во Ередивизи, ПСВ Ајндховен. Натпреварот лошо започна за англискиот шампион, кој веќе во шестата минута губеше по голот на Иван Перишиќ од пенал, досуден за игра со рака на Ван Дајк. Десет минути подоцна Доминик Собослај израмни, а Ливерпул пропушти уште многу добри можности. По паузата, ПСВ постигна уште три гола благодарение на Гус Тил (56′) и двата гола на Кухаиб Дриуеш (73′, 91′).

Тимот на Реал Мадрид го победи тимот на Олимпијакос со 4:3 во еден од најспектакуларните натпревари од 5-тото коло во главната шема на Лигата на шампионите со 4 гола на Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија сакаше да се тепа со судија! (Видео)

Вечерва се случи скандал во македонското футсал првенство кој тренерот на Форца, но и селе…