Дома Останати Тенис Што се случува? Ѓоковиќ прескокна тренинг, Мареј не даваше изјави за медиумите

Што се случува? Ѓоковиќ прескокна тренинг, Мареј не даваше изјави за медиумите

Новак Ѓоковиќ избегна уште еден тренинг пред полуфиналето на Австралија опен. Српскиот тенисер не тренираше ниту во четвртокот, иако првично беше регистриран за теренот број 16.

Требаше да има тренинг во 14:00 часот по локално време со младиот Австралиец Хејден Џонс, но нивната резервација беше откажана. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новак ја повреди ногата во натпреварот против Карлос Алкараз, па одлучи да се одмара до средбата со Александар Зверев во полуфиналето. 

Интересно е дека Новак последната титула во Мелбурн ја освои во 2023 година, а ниту тогаш не одигра тренинг поради повреда на задната ложа. 

Максималната фокусираност за утре се потврдува и со фактот дека Енди Мареј веќе нема да дава никакви изјави за медиумите, иако од почетокот на турнирот беше многу достапен за новинарите. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра квалификации за Австралијан опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и оваа година ќе се обиде да направи исчекор на најго…