
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порто во полуфиналната фаза, откако поради повреда беше принудена да го предаде дуелот против Американката Кревли.
Ѓорческа ден претходно прикажа одлична игра и ја елиминираше првата носителка на турнирот, Гркинката Папамихаил, но во денешното полуфинале не успеа да го доврши мечот. Македонската тенисерка го предаде натпреварот при резултат 1-0 во гемови и 3-0 во вториот сет во корист на противничката.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Мечот започна одлично за Ѓорческа, која со два брејка на сервис на Американката поведе со 3-0, но во продолжението не успеа да го задржи ритамот и го загуби првиот сет. Во вториот сет, по серија од три загубени гема и видливи проблеми при освојувањето поени, најверојатно поради повреда, беше принудена да се повлече од натпреварот.