Дома Останати Тенис Шпански новинар: За 200 години, ако преживее човештвото, ќе се зборува за Ѓоковиќ

Шпански новинар: За 200 години, ако преживее човештвото, ќе се зборува за Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ го предаде полуфиналето на Австралија Опен откако го загуби првиот сет со 6-7 од Александар Зверев. Рекордерот со десеткратна победа на првиот Гренд Слам од сезоната, кој исто така има рекорд по бројот на освоени најголеми турнири (24), ова го направи поради повреда.

Да потсетиме, Ѓоковиќ и во четвртфиналето против Карлос Алкараз во првиот сет побара медицински тајм-аут поради проблеми со препоните. И тогаш тоа го направи кога противникот водеше, па многумина, меѓу нив и Џон Мекинро, го обвинија дека тоа го направил за да го разори ритамот на противникот.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ↓↓↓


Ѓоковиќ по предавањето на Зверев прво ја поздрави публиката заминувајќи од теренот, а кога слушна многу свирежи, застана и саркастично покажа палец нагоре. Зверев потоа го бранеше Ѓоковиќ во победничкиот говор на теренот и во објавата на социјалните мрежи. Нему му се придружи и познатиот тениски новинар Hосе Морон.

„Добро е за сите Новак да продолжи да игра тенис. Зборуваме за личност која засекогаш ќе остане запаметена. За 200 години, ако има нешто останато од човештвото, ќе се зборува за некој Ѓоковиќ, кој станал најдобар во историјата и со своите 37 години победувал момчиња 16-17 години помлади. Можеби ќе биде тогаш кога ќе се препознаат и ќе се вреднуваат неговите сегашни постапки. Неправедно е низ што поминува, без сомнение“, напиша новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Потрес во тенисот: Иванишевиќ освои се со Ѓоковиќ, а сега станува тренер на – Синер?!

Сензационална вест доаѓа од Италија. Горан Иванишевиќ е еден од кандидатите да стане трене…