
Насловните страници на шпанските, односно мадридските спортски портали и весници, се резервирани за херојот на тешко извојуваната победа над Атлетик – Федерико Валверде, кој со гол во последниот момент ја одржа мечтата за титулата жива.
Но, шпанските експерти го пофалија и капитенот на Кралевите Лука Модриќ. Карло Анчелоти го постави хрватскиот играч за врска на теренот од првата минута, па го замени во 78. минута со Арда Гулер, а тој му возврати со својата стандардно сигурна игра.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Марка“ во својата анализа на натпреварот истакнала дека тимот на Реал обично игра подобро кога играта ја води хрватската ‘десетка’.
„Најдобрите минути на Реал Мадрид оваа сезона често се поклопуваат со присуството на Лука на теренот. Во тим кој понекогаш нема вистинска фудбалска игра, редовното изоставување на Хрватот е луксуз кој Анчелоти не треба да си го дозволи“, пишува медиумот.
Фотографија: Real Madrid/FB