Дома Фудбал Шпанси медиуми: Алонсо пристигнува во Реал. Веќе отпиша двајца играчи

Шпанси медиуми: Алонсо пристигнува во Реал. Веќе отпиша двајца играчи

КАРЛО АНЧЕЛОТИ останува на клупата на Реал Мадрид, но шпанските медиуми се уверени дека од лето ќе биде заменет од страна на Чаби Алонсо, актуелниот тренер на Баер Леверкузен. Анчелоти сака да ја заврши својата епизода во Мадрид со уште најмалку една титула од Лигата на шампионите или Ла Лига, по што би се збогувал од клупата на „Кралскиот клуб“.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, е свесен за намерите на Анчелоти и наводно веќе постигнал прелиминарен договор со Чаби Алонсо. Алонсо ќе има задача да продолжи таму каде што ќе застане Анчелоти. Новинарите од порталот Супердепорте тврдат дека Алонсо е во редовен контакт со Перез и дека веќе неколкупати се сретнале.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Баскиецот постави серија услови за преземање на клупата, а клучното барање е целосна контрола над трансферите. Веќе објави кои играчи не ги сака во тимот и кого би сакал да доведе. За почеток, Алонсо ќе побара продажба на двајцата играчи кои не се вклопуваат во неговите планови – Чуамени и Ферланд Менди.

Смета дека нивото на нивната игра не е доволно за неговата визија за тимот. Интересно е што и двајцата се моментално клучни играчи, Чуамени како последен везен, а Менди како прв избор на левиот бек. Од друга страна, Алонсо сака да ја засили екипата со доведување на Флориан Вирц од Баер, со кој веќе соработува и со кој освои титула. Исто така, планира да го доведе Алехандро Грималдо како замена за Менди на левиот бек. Грималдо, кој минал низ младинските селекции на Барселона, стана ѕвезда благодарение на работата со Алонсо.

Уште едно засилување кое го посакува Алонсо е Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, на кого наскоро му истекува договорот и би можел да дојде без обештетување. На тој трансфер веќе некое време работат Перез и управата на Реал. Николo Барела од Интер исто така се спомнува како потенцијално засилување. Тој би можел да биде идеална замена за Тони Крос, кој минатото лето се пензионираше.

Ако Алонсо го преземе Реал Мадрид, јасно е дека ќе има значајни промени во тимот. Тие промени би можеле да се случат дури и ако Шпанецот не седне на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите на Шкупи скршени од болка, екипата го откажа тренингот (Фото)

Тимот на Шкупи денеска требаше да ги продолжи подготовките за претстојниот дел од сезоната…