Дома Фудбал Шпанија загуби уште еден ѕвезден играч за натпреварот со Бугарија

Шпанија загуби уште еден ѕвезден играч за натпреварот со Бугарија

Офанзивецот на Барселона, Дани Олмо, е следниот ѕвезден фудбалер на Шпанија, кој отпадна од тимот за светските квалификации со Грузија и Бугарија. Олмо беше принуден да ја напушти денешната тренинг-сесија, откако почувствувал мускулна болка во листот на левата нога, по што му беа направени испитувања и е донесена одлука Олмо утре да се врати во Барселона.

“Олмо пристигна уморен во кампот и не тренираше од почетокот на неделата. Денес тренираше 15 минути, но не се чувствуваше добро, па му рековме да го прекине тренингот. Потоа отиде да направи некои испитувања. Повредите се грозоморниот дел од фудбалот. Многу го сакам и знам колку е посветен на репрезентацијата. Мораме да ги победиме овие натпревари. Ќе биде тешко, бидејќи противниците имаат играчи на високо ниво”, изјави селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Од почетокот на неделата тимот на Шпанија го напуштија последователно Родри, Дин Хаусен и Олмо, а пред тоа истото се случи и со Ламин Јамал. Фабиан Руис, Нико Вилијамс, Гави и Даниел Карвахал исто така ги пропуштаат претстојните натпревари со Грузија и Бугарија поради повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Циркус на повидок: ФИФА ги крши правилата, Италија ќе добие шанса за Светското првенство?

ФИФА е под голем притисок, а причината е репрезентацијата на Иран. Поради тековните конфли…