Легендарниот НБА центар Двајт Хауард излезе во јавноста со прилично шокантно откритие дека во НБА му се заканиле поради поддршката за Палестина.
Поранешниот центар се присети на притисоците кои ги вршеше лигата врз него откако напиша “Слобода за Палестина” на Твитер. Тогаш беше една од најголемите ѕвезди на лигата и играше за Хјустон Рокетс.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Хауард го открива ова шокантно откритие за време на гостувањето во The Gauds Show. Тој изјави дека веднаш бил контактиран од комесарот на НБА, Адам Силвер.
“Кога си во НБА, има многу работи што сакаш да ги кажеш, но знаеш дека ако го направиш, ќе има последици. Можеш да се најдеш во големи проблеми. На пример, пред неколку години кога играв за Хјустон Рокетс, напишав ‘Слобода за Палестина’ на Твитер. И дури замалку да ме избркаат од лигата поради тоа”, рече Хауард.
Dwight Howard tweeted “free Palestine” and the same people who complained about Kyrie Irving’s movie poster told D Howard to “put yo chain on..” Funny, it’s like black folk don’t have freedom of speech or thought. Is MAGA gatekeeping negroes? pic.twitter.com/lKzvLKKWd8
— Jason Whitlock (@WhitlockJason) January 7, 2025
Овој 39-годишен Американец ја добил идејата откако во кино се запознал со група Палестинци. Се спријатели со нив, му ја раскажале тажната судбина на народот во Палестина и го замолиле да објави нешто во чест на народот таму.
“Јас, кој имам големо срце, помислив. Ова е прашање на секој верник. Така и напишав ‘Слобода за Палестина’. Помалку од 10 минути подоцна добив повик од комесарот на НБА, агенти, луѓе од мојата фондација и дури и луѓе од Тексас. Сите ми рекоа да го избришам и дека ќе имам проблеми. Се прашав што е толку лошо во тоа”, рече Хауард, на кого ни денес не му е јасно во што бил проблемот.
Хауард додаде дека за време на целата негова НБА кариера, цензурата претставувала голем проблем, бидејќи никогаш не можел да го изрази тоа што навистина го мисли.