Дома Останати Тенис Шокантни сцени на Вимблдон – Димитров го уништуваше Синер, а потоа плачејќи си замина од теренот

Шокантни сцени на Вимблдон – Димитров го уништуваше Синер, а потоа плачејќи си замина од теренот

Григор Димитров речиси направи најголемото изненадување на Вимблдон. Бугаринот, со својата феноменална игра, го уништуваше првиот на светот Јаник Синер, но потоа се повреди сериозно во третиот сет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лесно изгледаше на теренот, го освои првиот сет со 6:3 и доби предност.

Без изгубен поен, Димитров на почетокот од вториот сет му го одзема сервисот на противникот. Италијанецот имаше проблеми со раката на која падна за време на еден гејм, што се одрази на неговата игра, па Димитров освојува 7:5 во вториот сет и ги води со огромни 2:0.

А потоа шок во третиот сет. Димитров доживеа повреда на мускулот на раката при сервис и пред почетокот на петтиот гејм беше принуден да го предаде мечот.

Со солзи замина бугарскиот тенисер од теренот. Навистина шокантни сцени и неверојатен начин да се напушти најголемиот турнир на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…