Дома Фудбал Шокантни информации од Италија: Астори бил убиен од невнимание – се можело да се избегне!

Шокантни информации од Италија: Астори бил убиен од невнимание – се можело да се избегне!

Давиде Астори, поранешен капитен на Фиорентина и репрезентативец на Италија, почина на 32 години во сон на 4 март 2018 година, а за убиство по невнимание осуден е директорот на спортската медицина во болницата во Нареги, Ѓорѓо Галанти.

Давиде Астори ненадејно почина пред натпреварот помеѓу неговиот тим и Удинезе, по што италијанските власти започнаа истрага. Пo годишнината од трагедијата, осудениот директор на спортската медицина во болницата во Нареги, Ѓорѓо Галанти, па пресудата е правосилна.


Касациониот суд ја одби жалбата на одбраната и Галанти ќе мора да помине една година во затвор. Тој е осуден затоа што издал лажен кардиолошки наод за Астори. Ако тоа не го направеше, италијанскиот фудбалер можеби ќе беше сè уште жив.

Истрагата потврди дека Астори починал од аритмија предизвикана од кардиомиопатија, која во случајот на поранешниот фудбалер можеше да биде откриена. Според наводите на обвинителството, Астори можеше да биде спасен со адекватна дијагноза. Галанти ги занемарил епизодите на вентрикуларна екстрасистола кои се појавиле на тестот за оптоварување, не побарал дополнителни испитувања, како што е Холтер мониторинг.

Обвинителството побара нова затворска казна за Галанти во траење од три и пол години, заедно со казни за уште двајца лекари кои не забележале навреме здравствен проблем кој го имаше Давиде Астори, односно обвинети се за издавање лажен кардиолошки извештај. Во првостепената постапка докторот е осуден и на казна од милион евра оштета на семејството на Давиде Астори, односно таа сума да ја плати Франческа Фиоренти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ промашуваше, Ливерпул победи

На гостувањето против ПСЖ, Ливерпул оствари важен триумф, Баерн Минхен е на чекор до четвр…