Дома Фудбал Шок за Тудор: Не може да поверува што му се случува во Лондон!

Шок за Тудор: Не може да поверува што му се случува во Лондон!

Хрватскиот стратег Игор Тудор пристигна во Тотенхем со надеж дека ќе го спаси лондонскиот клуб од испаѓање, но засега ништо не му оди како што планираше.

Игор пристигна да „угаси пожар“, но во неговите две први натпревари, Тотенхем доживеа два пораза. Денешниот пораз на гостувањето кај Фулам (1:2) е четвртиот по ред во лигата.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


По 28 кола, тимот од северен Лондон е на 16-то место со 29 бодови, само четири повеќе од Вест Хем, кој е во опасната зона.

Следниот натпревар е против Кристал Палас, трет лондонски дуел за Тотенхем и Тудор по ред, што воедно може да биде и последниот за Хрватот во Премиер лигата.

Од Островот доаѓаат инсајдерски информации кои сугерираат дека Игор Тудор би можел да биде отпуштен само неколку седмици откако бил назначен за главен тренер.

Ова не би било првпат Тотенхем да донесе брза одлука. Нуно Еспирито Санто беше именуван во јуни 2021, но го напушти клубот веќе во октомври, само четири месеци подоцна. Тотенхем има потреба од итни успеси за да избегне пад во зоната на испаѓање, и притисокот веќе расте.

Тудор би можел да стане рекордер по брзината на неговото заминување од клубот во Премиер лигата, а менаџментот на Тотенхем интензивно бара негова замена.

Во Тотенхем веруваат дека немаат многу време и дека мораат брзо да реагираат, па неуспех во наредното коло би можел да значи крај за Сплитјанецот.

Игор Тудор, поранешен хрватски фудбалер познат по својата силна кариера во Хајдук и Јувентус, како и во репрезентацијата на Хрватска, по завршување на играчката кариера се посвети на тренирање. Неговата тренерска кариера опфаќа неколку клубови во Хрватска и странство.

Започна како тренер на Хајдук, работеше во турските Карабукспор и Галатасарај, во Италија ги водеше Удинезе и Фиорентина, а неодамна и Јувентус. Претходно беше во Лацио. Во Франција ги водеше Бордо и Марсеј. На почетокот на неговата кариера, беше тренер и во Грција на ПАОК, како и помошник во хрватската репрезентација.

Тотенхем го презеде пред околу три недели, но веќе се соочува со можна смена, бидејќи во северен Лондон не можат да си дозволат да чекаат играчите да се навикнат на него и неговите методи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалска магија во Германија:

Во натпреварот помеѓу Хамбург и Лајпциг во Бундеслигата видовме еден гол каков што не се г…