Дома Останати Кошарка Шок за Крис Пол: Доби отказ! (Фото)

Шок за Крис Пол: Доби отказ! (Фото)

Лос Анџелес Клиперс ја соопштија неочекуваната вест во НБА кругови – Крис Пол е отпуштен сред неговата последна сезона во кариерата.

“Се разделуваме со Крис и тој повеќе нема да биде дел од нашиот тим. Ќе соработуваме со него околу следните чекори во неговата кариера. Крис е легенда и сакаме да појасниме нешто – никој не го обвинува за нашите лоши резултати”, се вели, меѓу другото, во изјавата на Клиперс.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Искусниот 40-годишен плејмејкер сезонава одигра за Клиперс 16 натпревари, притоа постигнувајќи во просек 2,9 поени и 3,3 асистенции. И самиот Пол е шокиран од одлуката на клубот.


“Токму што дознав дека сум испратен дома”, напиша Пол на Инстаграм.

Пред два дена, последен пат во дресот на Клиперс, Пол одигра 15 минути против Мајами, каде постигна 8 поени и 3 асистенции. Клиперс го забележаа шеснаесеттиот пораз од вкупно 21 натпревар сезонава.

Сè уште не е познато дали ова ќе биде крај на неговата кариера во НБА или ќе го видиме до крајот на сезоната во друг тим.

Да потсетиме, Пол најави дека на крајот од актуелната сезона, неговата 21. во НБА кариерата, ќе се пензионира.

Тој е дури 12 пати избран за Ол-Стар натпреварот, 11 пати бил дел од All-NBA тимовите, избран е меѓу 75-те најдобри играчи на сите времиња, а девет пати бил дел од најдобрите дефанзивни петорки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Постигнат договор: Избран е наследникот на Обрадовиќ во Партизан!

Според информациите од Спорт клуб, „црно-белите“ веќе постигнале договор со италијанскиот …