Дома Фудбал Шкендија верува во чудо во Турција!

Шкендија верува во чудо во Турција!

Фудбалерите на Шкендија вечерва ги очекува тежок испит во Турција, каде што ќе го одиграат реваншот од плејофот за осминафинале во УЕФА Конференциска лига против Самсунспор. Тетовци во дуелот влегуваат со гол негатива (1-0) од првиот натпревар во Скопје и ќе мора да одиграат далеку поквалитетно доколку сакаат европската приказна да продолжи.

Турскиот претставник и на првата средба покажа повеќе на теренот и оправдано ја носи фаворитската улога, па избраниците на Јетон Беќири ги очекува сериозна задача. Свесен дека неговиот тим не беше на посакуваното ниво во Скопје, Беќири порача дека пристапот и интензитетот мора да бидат поинакви.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Секако дека посакуваме успех, но ќе мора да одиграме на највисоко можно ниво. Самсунспор е квалитетен состав, но верувам дека можеме да бидеме подобри од првиот натпревар. Ќе се обидеме да бидеме поцврсти во одбраната и истовремено да го наметнеме нашиот ритам. Го анализиравме противникот и ќе дадеме максимум“, истакна стратегот на прес-конференцијата.

Натпреварот во Самсун се игра од 18:45 часот, а правдата ќе ја дели италијанскиот судија Симоне Соца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Жена за првпат тренер на екипа од Бундеслигата!

Членот на германската Бундеслига, Унион Берлин, направи историски потег со именувањето на …