Дома Фудбал Ширер избра двајца напаѓачи по кои треба Њукасл да тргне откако остана без Шешко

Ширер избра двајца напаѓачи по кои треба Њукасл да тргне откако остана без Шешко

Легендата на Њукасл Јунајтед, Алан Ширер, именува два потенцијални алтернативи кои „страчките“ би можеле да ги ангажираат откако не успеаја да го донесат напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко.

Њукасл беше еден од клубовите кои беа заинтересирани за потпис на Шешко ова лето, но сега изгледа дека Манчестер Јунајтед е на пат да заврши договор за словенецот, според информациите од Athletic.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шешко е млад напаѓач со голем потенцијал, кој би бил идеален долгорочен заменик за Александар Исак, поради неодреденоста околу неговата иднина во „Сент Џејмс Парк“.

Сепак, постојат и други добри опции кои би можеле да бидат достапни на трансфер пазарот ова лето, а Ширер сугерира две алтернативи.

Во изјава за Betfair, пренесена од Дејли Мирор, Ширер именува Јоан Виса и Оли Ваткинс како други врвни напаѓачи на кои Њукасл може да се насочи.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма: На ѕвезда вредна 70 милиони евра од Премиње лигата ѝ се заканувале со пиштол!

Неименувана ѕвезда на англиската Премиер лига, чија вредност се проценува на околу 70 мили…