Дома Фудбал Шест месеци играше одлично, а потоа му се случил кошмар: Обајеманг за првпат откри зошто ја напушти Барселона

Шест месеци играше одлично, а потоа му се случил кошмар: Обајеманг за првпат откри зошто ја напушти Барселона

Пјер-Емерик Обамејанг ги изненади сите кога во јануари 2022 година од Арсенал пристигна во Барселона каде што имаше одлична полусезона, но неочекувано го напушти каталонскиот клуб само половина година подоцна. Сега објасни што точно се случило и зошто со семејството беше приморан да ја напушти Barcelona.

Всушност, во август 2022 година Обамејанг и неговото семејство доживеале пекол кога крадци влегле во нивната куќа додека тие биле таму, па дури ги зеле како заложници додека не украле сè што можеле од куќата.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


“Ме разбуди постариот син, влета во нашата соба и ми кажа дека некои луѓе влегле во куќата. Му реков да се скрие и да молчи”, вели Обамејанг и продолжи.

“Влегоа во куќата преку терасата. Таму беа мојата сопруга, мојата братучетка и нивниот пријател, пушеа цигари. Го зедоа тој пријател за заложник и влегоа низ вратата. Слушнав како жена ми вреска, му вперија пиштол во главата. Зедов голема стаклено шише и се качив на спратот, каде сестрата на сопругата беше со нашето бебе. И неа и реков да се скрие каде што може”.

“Се симнав повторно и тогаш се соочив со крадците. Беа четворица или петмина. Еден извлече пиштол, го впери во мене и ми рече да молчам.. Не сакав да го послушам, почнавме да се расправаме, му реков да земат што сакаат и да одат, но тој не ме слушаше. Потоа почна да ме удира со тупаници, нозе и рачката од пиштолот”.

“Се обидов да се одбранам, но еден од нив успеа да ја пронајде сестрата на жена ми, која се криеше со децата. Ги донесоа пред нас и ги врзаа. Веќе ништо не можев да направам. Ме претепаа, а потоа ме натераа да одиме низ куќата и во меѓувреме крадеа сѐ што им се допаѓаше од нашите работи”.

“Би се борел со нив ако бев сам, тоа не би ми било проблем, но ваква ситуација, со моето семејство и деца во куќата… Тоа остави огромна семејна траума на нас. Моите деца не смеаа да одат на училиште, се плашеа да спијат сами. Имавме кошмари, беше навистина страшно искуство”.

Тоа многу остави трага на Обамејанг и неговото семејство и само неколку дена подоцна одлучи да ја напушти Барселона, иако и самиот беше свесен дека прави грешка, бидејќи во тој клуб играше одлично.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона преку Билбао до финале во Суперкупот

Барселона ќе се бори за трофејот во Суперкупот на Шпанија, откако во полуфиналето го совла…