Дома Останати Кошарка Шеј со 38 поени ја одведе Оклахома до водство од 2:0 во финалето на Западот

Шеј со 38 поени ја одведе Оклахома до водство од 2:0 во финалето на Западот

Тимот на ОКЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР направи уште еден чекор кон големото финале на НБА лигата. Во вториот натпревар од финалето на Западната конференција, Тандер на домашен терен ги победи Минесота Тимбервулвс со резултат 118:103 и со тоа поведе 2:0 во серијата.

Минесота држеше чекор во првото полувреме, но сѐ се распадна во третата четвртина кога Шеј Гилџес-Александер и екипата уфрлија повисока брзина и со серија од 35:21 го преломија натпреварот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Главниот играч на вечерта беше, како што се очекуваше, Шеј Гилџес-Александер кој пред почетокот ја прими наградата за МВП, а натпреварот го заврши со 38 поени, 8 асистенции и 3 украдени топки, со одличен шут и контрола на темпото во текот на целиот натпревар.

Ова му е петта последователна игра во плејофот со најмалку 30 поени.

Кај Минесота, најдобар беше Ентони Едвардс со 32 поени, но не успеа да ги повтори изведбите од претходните рунди на плејофот.

Серијата сега се преселува во Минеаполис, каде што третата игра е закажана за ноќта од сабота кон недела според средноевропско време. Минесота мора да најде одговори ако сака да остане во игра, додека Тандер бара „брејк“ кој ќе ги отвори широко вратите кон големото финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ужасни вести за финалистите од НБА. Останаа без најдобриот играч за следната сезона

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС официјално потврдија дека нивниот најдобар играч, Тајрис Халибартон, ќе п…