Дома Останати Кошарка Шеј се разигра против Хјустон и постигна – 51 поен (Видео)

Шеј се разигра против Хјустон и постигна – 51 поен (Видео)

Оклахома Сити Тандер ја запиша својата 50. сезонска победа во НБА лигата, совладувајќи го Хјустон Рокетс со резултат 137:128.

Домашниот состав не дозволи изненадување и успешно ја одбрани својата територија, а повторно во центарот на вниманието беше фантастичниот Шеј Гилџес-Александер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Канадскиот репрезентативец, кој заедно со Никола Јокиќ важи за еден од главните фаворити за престижната МВП награда, одигра блескава партија.

Тој по четврти пат оваа сезона постигна повеќе од 50 поени, а во оваа пресметка против „ракетите“ заврши со импресивни 51 поен, дополнети со 5 скока и 7 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нова брутална одмазда на Дончиќ: Словенецот „спакува“ 33 поени на поранешниот клуб и ги водеше Лејкерс до победа

Изминатата ноќ, Лос Анџелес Лејкерс го победија Далас Маверикс со резултат 116:110, а Лука…