Дома Фудбал Севиља остана без тренер!

Севиља остана без тренер!

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља ја прекина соработката со аргентинскиот тренер Матијас Алмеида (53), како што соопшти клубот од Андалузија. Одлуката следеше по последниот пораз во лигата од Валенсија (0:2), по што Севиља падна на 15. место во Примера со 31 бод, само три повеќе од зоната за испаѓање.

Алмеида ја презеде Севиља во јуни оваа година и во 32 натпревари оствари само десет победи. Тој ја водеше екипата точно 265 дена. Аргентинецот беше осмиот тренер кој ја предводеше Севиља во последните четири сезони. Тимот го остава на 16. позиција, само три бодови над зоната за испаѓање.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Аргентинецот ја започна својата тренерска кариера во Ривер Плата во 2011 година, а подоцна ги водеше и Банфилд, Гвадалахара, Сан Хозе Ертквејкс, како и атинскиот АЕК од 2022 до 2025 година пред да се приклучи на Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандес: Реал Мадрид? Нема ништо…

Иднината на Енцо Фернандес од Челси се предвидува како една од најголемите трансферни саги…