
Сестрата на Леонел Меси, Марија Сол Меси, доживеа тешка сообраќајна несреќа во Мајами. Според извештаите, Марија Сол претрпела сериозни повреди, вклучувајќи напукнувања на пршлените и изгореници, објави The Sun.
Телевискиот новинар од Аргентина, Анхел де Брито, истакна дека мајката на фудбалската ѕвезда потврдила дека 32-годишната Марија е „надвор од животна опасност“, но ќе и треба долга рехабилитација. Возејќи автомобил во Мајами, таа изгубила контрола и се судрила, откако удрила во ѕид.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Анхел, зборувајќи во емисијата LAM на America TV, додаде дека, читајќи пораки на својот телефон, открил: „Сестрата на Меси е добро, надвор е од животна опасност, но проверив со семејството бидејќи требаше да се омажи во Росарио, Аргентина, на 3 јануари, а сега ќе мора да го откаже славењето. Претрпела изгореници, кои се тешки за лекување, како и ишчашување на пршлените.“
Марија Сол е дизајнерка на облека и претприемачка која речиси секогаш ги избегнувала светлата на рефлекторите. Долг период живееше во Шпанија, пред да се врати во Аргентина за да ги развие своите проекти.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Сестрата на Леонел Меси, Марија, била инволвирана во сериозна сообраќајна несреќа. Изгубила контрола над возилото по што удрила во ѕид.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) December 23, 2025
Таа има два напукнати пршлена, напукната пета и зглоб. Истовремено страда од изгореници… pic.twitter.com/nSj0qBVLlN