
Легендарниот дефанзивец и поранешен капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, повторно е во центарот на вниманието – овојпат не поради фудбалските потези на теренот, туку поради сериозен деловен ангажман.
Имено, Рамос се појави како еден од инвеститорите во проектот за претворање на бразилскиот клуб Жувентуде во САФ (Sociedade Anônima do Futebol), односно моделот на приватна сопственост кој сѐ почесто го преземаат клубовите во Јужна Америка.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Според бразилските медиуми, Рамос учествуваше на виртуелен состанок меѓу раководителите на Жувентуде и инвестициската група Five Eleven Capital, која преговара за купување на мнозинскиот пакет акции на идната САФ структура на клубот.
Иако на состанокот немаше конкретен напредок во преговорите, целта беше да се обноват контактите по последниот разговор од декември минатата година.
До крајот на оваа недела, Five Eleven Capital треба да достави прв нацрт на договорот на правната служба на Жувентуде, по што документот, со евентуални корекции, ќе биде испратен на Управниот одбор на клубот за разгледување.
Интересно е што Жувентуде не е единствениот клуб во кој Рамос сака да инвестира.
Според шпанските медиуми, неодамна се обидел да го купи и Севиља ФК, клубот каде што изникнал и за кој настапувал и во сезоната 2023/2024.
Иако има 39 години и неодамна го напушти мексикански Монтереј, Рамос сѐ уште официјално не го објавил крајот на играчката кариера.
Зад себе има блескава кариера во Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, со која го освоил Светското првенство и Европските првенства.