Дома Фудбал Сензација во Романија: Шкендија го елиминира ФЦСБ и обезбеди европска есен (Видео)

Сензација во Романија: Шкендија го елиминира ФЦСБ и обезбеди европска есен (Видео)

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија приреди сензација во Букурешт, совладувајќи го фаворизираниот ФЦСБ со 2-1 во реванш натпреварот од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. Со оваа победа, тетовци не само што обезбедија пласман во третото коло, туку си осигураа и европска фудбалска есен.

Романскиот тим започна поагресивно и го материјализираше притисокот во 28. минута, кога Цисоти успеа да ја затресе мрежата на гостите за водство од 1-0. Сепак, радоста на домашните навивачи беше краткотрајна – веќе неколку минути подоцна, Латифи со прецизен удар го израмни резултатот и го замолкна стадионот во Букурешт.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во второто полувреме, Шкендија тактички умешно му се спротивстави на налетите на ФЦСБ, кој како што минуваше времето, сè потешко наоѓаше начин да ја пробие цврстата одбрана на македонскиот тим. Кулминацијата дојде во 87. минута, кога Крстевски реализираше златна шанса и ги запечати надежите на домаќините за продолжување на европската авантура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим ги разбесни навивачите на Јунајтед – се бара негов отказ!

Тоа беше мрачно неделно попладне за Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед, кои го напуштија ст…