
Раководството на Фиорентина денес беше шокирано од оставката на нивниот тренер Рафаеле Паладино, објавуваат “Скај Спорт Италија” и Џанлука Ди Марцио.
Според информациите, во овој момент клубот прави сè што може за да го убеди младиот стручњак да ја повлече својата одлука, бидејќи сè уште не е позната причината што доведе до ова шокантно решение.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Интересно е што на почетокот на овој месец Паладино потпиша нов договор со Фиорентина до крајот на јуни 2027 година. Тој пристигна на „Артемио Франки“ минатото лето по успешен период на чело на Монца.
Во дебитантската сезона во Фиренца, 41-годишниот тренер го изведе тимот до шестото место во табелата на Серија “А” со 65 поени по 19 победи, 8 нерешени и 11 порази во првенството. Така, “Ла Виола” си обезбеди четврто последователно учество во Лигата на конференциите, каде што оваа сезона стигна до полуфиналето.