Францускиот фудбалер Пол Погба е во центарот на вниманието, откако се појави информација дека го контактирал Пеп Гвардиола со намера да го донесе во Манчестер Сити, пренесува британскиот „Индепендент“.
Светскиот шампион со репрезентацијата на Франција од Мундијалот во Русија ќе се врати на терен почетокот на јануари по 18-месечна забрана, а ова би можела да го искористи Сити, на кого по повредата на Родри итно му е потребен играч од светска класа на средината на терен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Погба од овој месец е слободен играч и има целосна слобода за преговори со било кој клуб, па би бил идеална опција за Сити бидејќи би пристигнал на „Етихад“ без надоместок.
Манчестер сити сепак се сомнева во неговите квалитети, па поверојатна опција за Погба е да ја продолжи кариерата во францускиот фудбал каде што постојат реални шанси да го засили Олимпик од Марсеј.