
Фудбалерите на Манчестер Сити го отворија патот кон финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето, успеаја да го совладаат бранителот на трофејот Њукасл на гостински терен со резултат од 2:0. Прочитај повеќе
Натпреварот го одбележа крилниот играч од Гана, Антоан Семењо, кој играше одлично, постигна гол во 53. минута и имаше меч од соништа за Сити, имајќи предвид дека по пристигнувањето од Борнмут веќе запиша два погодоци во два натпревари.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Семењо можеше да биде двоен стрелец минатата вечер, бидејќи во 63. минута постигна атрактивен гол, но беше поништен по интервенција од ВАР собата поради милиметарски офсајд на Халанд. Ситуацијата ја разгледаа подолго време судиите, а конечната одлука ја разбесни менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој зборуваше за тоа по крајот на натпреварот.
“Ќе го кажам ова сега. Сакам да знам зошто ВАР во 60. минута на првенствената средба во Премиер лигата против Њукасл, кога загубивме 2:1, при резултат 0:0, не го разгледа очигледниот пенал врз Фил Фоден после стартот на Шер. Исто така, во 20. минута имаше пенал после шутот на Џереми Доку, кој ја погоди раката на Чоу, ни тоа ВАР не го разгледа. Денеска четворица луѓе не можеа да донесат одлука зашто линијата беше нејасна, но при вториот гол што Њукасл го постигна (во ноември) линијата беше совршена. Во тоа не се сомневав 10 години. Не реков ништо кога тука изгубивме 2:1. Не реков ништо ни по финалето на ФА Купот против Кристал Палас, кога Хендерсон доби црвен картон после 30 минути. Реков ли нешто? Не. Во ред е. Сè е во ред. Но, фактот дека не разговараме за тоа… Доста сум сигурен дека Хауард Веб ќе се појави утре и ќе ме повика”, рече Гвардиола.