
Антоан Семењо е многу блиску до преминување во Манчестер Сити. Претставници на играчот се во Манчестер, каде што ги финализираат неговите лични услови, тврди “Скај Спортс”. Во исто време “граѓаните” почнале разговори со Борнемут за неговиот трансфер.
Се очекува Ман Сити да плати 65 милиони фунти за 25-годишното крило. Тоа е сумата, одредена во клаузула за раскин на договорот на фудбалерот, која ќе биде активна меѓу 1 и 10 јануари. Разговорите меѓу двата клуба ќе продолжат во наредните денови, а клубот од “Етихад” се надева дека трансферот ќе биде финализиран во првите денови од новата година.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Манчестер Сити е единствениот клуб, кој преговара со Борнемут, иако интерес имаше од страна на Ливерпул, Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. “Сините” од Лондон пратија упит, но потоа не влегоа во преговори. “Тотенхем” пак се насочи кон други цели. И покрај шпекулациите, дека постои можност Ливерпул во последниот момент да се вмеша во битката за потписот на Семеньо, во овој момент тоа не се случува.
И покрај евентуалното доведување на Семењо, Пеп Гвардиола има желба да ги задржи Савињо и Омар Мармуш за вториот дел од сезоната. Интерес има и за Оскар Боб, кој може да биде пуштен да премине во друг клуб. Борнемут пак започнува потрага по замена за Семењо. Една од опциите е Бренан Џонсон од Тотенхем, кон кого пак има понуда од Кристал Палас.