Дома Фудбал Семенјо го донесе својот избор за нов клуб

Семенјо го донесе својот избор за нов клуб

Еден од најпосакуваните играчи во Премиер лигата за јануарскиот трансфер период – Антоан Семенјо, ги подреди своите приоритети меѓу клубовите кои имаат интерес за него.

Според „Гардијан“, Ганаецот претпочита да се пресели во Ливерпул, каде што би бил долгорочна замена за Мохамед Салах. Ако од некоја причина овој трансфер не се оствари, втор избор на Семенјо е Манчестер Сити. За момент, Манчестер Јунајтед има најмали шанси да ја добие оваа битка.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Според англиските медиуми, ослободувачката клаузула во договорот на Семенјо со Борнмут, која е во износ од 65 милиони фунти, ќе биде валидна само од 1-ви до 10-ти јануари. Потоа, цената на крилото ќе биде значително повисока. Ова значи дека уште во првите денови на новата година заинтересираните клубови ќе му соопштат на Борнмут желба да ја активираат клаузулата и да го земат ѕвездата на „црешите“. Борнмут нема што да направи ако Семенјо одлучи да замине.

Во јуни, клаузулата ќе биде уште пониска – 50 милиони фунти, но тешко дека некој од клубовите кои сакаат да го доведат ќе ризикува да чека до тогаш, бидејќи и сега на Островот оценуват дека 65 милиони е ниска сума за квалитетите на 25-годишниот крилен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најбараниот фудбалер во Премиерлигата одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Најбараниот играч оваа зима, кој го посакуваат двата клубови од Манчестер, Ливерпул и Тоте…