Дома Останати Ракомет Селекторот на Словенија бесен на чешките судии: Овде не одлучуваше само ракомеотт, но домаќинот мораше да помине

Селекторот на Словенија бесен на чешките судии: Овде не одлучуваше само ракомеотт, но домаќинот мораше да помине

Хрватската ракометна репрезентација ја победи Словенија со резултат 29:26 во последниот натпревар од групата 4 на Светското првенство. Со таа победа како прва репрезентација од групата го обезбеди пласманот во четвртфинале, каде што ќе играат против Унгарија во вторник од 18 часот во Арена Загреб.

Словенечкиот селектор Урош Зорман не беше пресреќен со чешките судии (Вацлав Хорачек и Јири Новотни): „Никој не очекуваше дека вака ќе го отвориме натпреварот, но за жал не издржавме во второто полувреме. На крајот, тука денес не одлучуваше само ракометот, момците денес дадоа максимум. Штета што не покажавме ваква игра како денес во дуелите со Египет и Исланд, можам да се жалам на судиските одлуки, но факт е дека ракометот денес не победи.“

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Полувремето заврши 15:15, но Зорман смета дека Словенија требаше да води: „Не боли овој натпревар, но боли што истиот чешки судиски пар судеше во полуфиналето на Олимписките игри. Игравме многу добар натпревар, но сигурно е дека домашните на крај мораа да поминат, што на крајот и го заслужија.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…