Дома Останати Кошарка Селекторот на Германија хоспитализиран по Евробаскетот: Поради инфекција ослабел седум килограми!

Селекторот на Германија хоспитализиран по Евробаскетот: Поради инфекција ослабел седум килограми!

Додека германската кошаркарска репрезентација славеше златен триумф на Евробаскетот, нивниот селектор Алекс Мумбру се соочуваше со сериозни здравствени проблеми.

Наместо да биде со својот тим на прославата во Франкфурт, Мумбру итно беше префрлен во Барселона, каде што повторно беше хоспитализиран поради компликации од панкреатит.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според пишувањата на шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, 46-годишниот селектор од самиот почеток на турнирот се борел со здравствени проблеми, но и покрај сè останал со репрезентацијата до крајот на шампионатот.

По победата во финалето и враќањето на тимот од Рига, Мумбру не отпатува со нив на свечениот дочек во Франкфурт. Наместо тоа, непосредно отиде во Барселона, каде што лекарите веднаш наредија повторна хоспитализација со минимален престој од две недели.

Медицинскиот тим беше изненаден од неговата состојба, но и од фактот дека успеа да остане активен со екипата во последните денови од првенството, и покрај сериозната состојба на панкреатот.

Мумбру ќе мора по болничкото лекување да оди на операција за отстранување на жолчниот меур за да се спречат понатамошни компликации, откриваат извори блиски до репрезентацијата.

Состојбата не помина без последици; според порано објавени извештаи, Мумбру за време на инфекцијата изгубил до седум килограми. Неговата посветеност кон репрезентацијата, и покрај сериозноста на болеста, предизвика почит во спортскиот свет, но сега го очекува период на целосен одмор и опоравување.

Да потсетиме, Алекс Мумбру ја презеде селекторската функција минатото лето, наследувајќи го Гордон Херберт, кој ја водеше репрезентацијата до светското злато 2023 година и се повлече по Олимписките игри во Париз 2024 година.

Мумбру, поранешен репрезентативец на Шпанија и долгогодишен тренер во шпанската ACB лига, го одведе Германија до уште еден голем успех, но овојпат, цената на тој успех беше висока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Не издржа селекторот на Турција се расплака по враќањето од Европското првенство (Видео)

Кошаркарската репрезентација на Турција се врати во Истанбул по финалниот натпревар во Риг…