Дома Фудбал Се зогуваја, па го вратија:Фабијански повторно во Вест Хем

Се зогуваја, па го вратија:Фабијански повторно во Вест Хем

Полскиот фудбалски голман Лукаш Фабијански потпиша договор со Вест Хем до крајот на сезоната, објави премиерлигашот.

Фабијански го напушти Вест Хем на крајот од јуни оваа година откако му истече договорот по седум години поминати во клубот, но сега повторно се врати.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Навистина сум среќен што се вратив бидејќи овој клуб ми значи многу, исто како и на луѓето во клубот. Да ги видам повторно сите, беше убаво и прекрасно. Комплетно сум посветен на тимот, ставајќи го секогаш над личните цели. Имам огромно искуство, така што мислам дека може да биде корисно. Секако, ќе продолжам да работам како што отсекогаш сум работел, но истовремено разбирам дека мојата улога е сосема различна,“ изјави Фабијански.

Овој 40-годишен чувар на мрежата минатата сезона одигра 17 натпревари во сите натпреварувања за Вест Хем, а со лондонскиот клуб во 2023 година ја освои Лигата на конференции.

Фабијански во својата кариера беше член на Лех, Легија, Арсенал и Свонси. Вест Хем се наоѓа на 16. место на табелата во Премиер лигата со три бода по три одиграни кола, а во сабота ќе го пречека Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата тврди: Ливерпул не е кандидат за титула!

Рој Кин ја исклучи можноста Ливерпул да се бори за титулата во Премиер Лигата, истакнувајќ…