Дома Фудбал Се враќа Премиер лигата: Ливерпул пред нов предизвик – кој може да ги сруши?

Се враќа Премиер лигата: Ливерпул пред нов предизвик – кој може да ги сруши?

Денеска, на 15 август, новата сезона на Премиер лигата започнува со дуел на Енфилд, помеѓу актуелниот шампион Ливерпул и минатосезонското изненадување, тимот на Борнмут. Главното прашање во Англија е – ќе успее ли Ливерпул да ја одбрани титулата?

Минатата сезона малкумина веруваа дека Арне Слот, кој го наследи Јирген Клоп на клупата, ќе го освои трофејот без големи засилувања. Сепак, сега ситуацијата е сосема поинаква – Ливерпул во летниот преоден рок потрошил речиси 300 милиони евра за ангажирање на нови, ѕвездени имиња.

Голема промена на тимот

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во тимот пристигнаа Жереми Фримпонг (35 милиони €) и Флориан Вирц (117,5 милиони € + бонуси) од Леверкузен, Милош Керкез од Борнмут (46,5 милиони €), Хуго Екитике од Ајнтрахт (95 милиони €), Џиорџи Мамардашвили од Валенсија (29 милиони €), и младиот Џовани Леони од Парма (30 милиони €).

Трансферот на Александар Исак од Њукасл е под знак прашалник – „Свртеците“ бараат и до 175 милиони евра, што Ливерпул засега не е подготвен да го плати.

Конкуренцијата подготвена за напад

  • Арсенал го доведе Виктор Ѓокереш и се стреми кон првата титула од 2004 година.
  • Манчестер Сити под кормилото на Пеп Гвардиола сака да се врати на врвот, иако без Кевин де Брујне, но со нови засилувања како Рејндерс и Ријан Черки.
  • Манчестер Јунајтед, предводен од Рубен Аморим, започнува нова ера со доаѓањата на Матеус Куња, Бенџамин Шешко и Брајан Мбомо.
  • Челси, откако го освои светскиот трофеј под водство на Ензо Мареска, изгледа силно, со засилувања како Жоао Педро, Естевау и Лијам Делап.
  • Тотенхем влегува во сезоната со самодоверба по освојувањето на Европската лига и трансферите на Мохамед Кудус и Матис Тел.
  • Астон Вила и Њукасл сакаат да докажат дека можат да бидат еднакво конкурентни со „Големата шесторка“.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна трансформација: Фудбалерот на Баерн покажа како му изгледаат нозете пред повредата

Еден од најдобрите леви бекови во светот, Алфонсо Дејвис, се опоравува од сериозна повреда…