
Француските ракометари на домашен терен ја победија Данска со 33:32 во првото коло на Еврокупот. Станува збор за натпреварување во кое учествуваат четири репрезентации кои веќе се пласирале на Европското првенство 2026 година кое ќе се организира во Данска, Норвешка и Шведска. Трите земји домаќини, заедно со Франција како актуелен европски шампион, играат на овој тест турнир бидејќи не мораат да минуваат низ квалификациите.
За Данска, ова беше првиот натпревар откако во почетокот на февруари ја победија Хрватска и го освоија Светското првенство, но не играа со најсилен состав. Им недостасуваа играчи како Емил Нилсен, Расмус Лауге, Симон Питлик и Томас Арнолдсен, додека Французите беа без Емерик Мине.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Крајот на натпреварот беше драматичен бидејќи Емил Јакобсен во последниот напад ја промаши шансата за израмнување. Така, данските ракометари го доживеаа првиот пораз по повеќе од една година, односно по 26 последователни победи. Последен пат загубија на 28 јануари 2024 година од Франција во финалето на Европското првенство (33:31).
Имајќи предвид дека и тој пораз дојде по продолженија, а не во регуларно време, многумина не би го сметале за вистински пораз.