Дома Фудбал Сé се случи на центарот на теренот: Фудбалер брутално го удри судијата со глава и му ги скрши забите (Видео)

Сé се случи на центарот на теренот: Фудбалер брутално го удри судијата со глава и му ги скрши забите (Видео)

Неверојатен инцидент го потресе уругвајскиот фудбал. Резервниот натпревар во Малдонадо се претвори во насилна сцена кога играч нападна судија.

За време на финалето на резервната дивизија помеѓу Сан Лоренцо и Централ Молина се случија сцени кои ги преплавија уругвајските медиуми.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сé започна откако судијата Алексис Фереира покажа два црвени картони на фудбалерите на Сан Лоренцо поради навреди кон крајот на мечот.

Во тој момент, еден од играчите на Сан Лоренцо ја изгуби контролата и нападна судијата.

На снимката што брзо се прошири на социјалните мрежи се гледа како играчот брутално го удира Фереира со глава право во лице.

Отко удирањето, судијата изгуби два заби, а Фереира падна наназад, додека крв му течеше од носот и устата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал ангажира младинец на Тотенхем

Арсенал официјално го објави доведувањето на дефанзивецот од младинската репрезентација на…