Дома Фудбал Се појави вирално видео од Јамал: Погледнете што има прави на противниците на 12 години (Видео)

Се појави вирално видео од Јамал: Погледнете што има прави на противниците на 12 години (Видео)

Ламине Јамал (17) имаше брилијантен настап за Барселона во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите против Интер (3:3). Постигна прекрасен гол, двапати ја погоди рамката на голот, а безброј пати со дриблинзите ги доведуваше своите чувари до лудило.

Јамал, и покрај младоста, веќе некое време се смета за извонредна класа потврдена на најголемите натпревари. За сениорскиот тим на Барселона дебитираше уште на 15 години. Минатото лето беше клучен играч при освојувањето на Европското првенство за шпанската репрезентација, а минатата недела со Барселона го освои Купот на кралот победувајќи го Реал.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Сепак, играта што ја покажа против Интер беше фантастична дури и за неговите стандарди. Со голот што го постигна на 17 години и 291 ден, стана најмлад стрелец во полуфиналето на Лигата на шампионите, надминувајќи го рекордот што го држеше Килијан Мбапе пред осум години.

Светот го восхитува Јамал по она што го покажа против актуелниот шампион на Италија, но не се споделуваат само снимките од неговите мајстории против Интер. Вирално стана видео од Јамал од езоната 2019/20. Тогаш како само 12-годишник играше за постари селекции на Барселона и лесно ги поминуваше противниците кои беа значително постари и посилни од него, со дриблинзи и промени на правецот, контролирајќи ја топката со пета….

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од отпишан до МВП признание: Јовиќ стана најдобар играч во Милан

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ е прогласен за играч на месецот во Милан. Се шпекулираше за з…