
Синоќа настана неверојатен инцидент во Бања Лука, каде што хулигани ги нападнаа приврзаниците од Цазин за време на футсал дуелот помеѓу Борец и Бубамара.
Тимовите Борец и Бубамара играа четвртфинална средба во Купот на Босна и Херцеговина, но натпреварот беше прекинат поради неочекуваните сцени од публика во салата Борик.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Конкретно, 16 маскирани хулигани се појавија на трибините и физички нападнаа на гостинскиот контингент навивачи од Цазин кои дојдоа да го поддржат својот тим.
Притоа, еден од приврзаниците на Бубамара претрпе сериозни повреди и беше префрлен во болница на лекување.
Не беше изненадување што натпреварот беше прекинат, бидејќи сите на теренот беа во шок од она што се случуваше на трибините.
Многумина останаа зачудени зошто полицијата не реагираше побрзо и како хулиганите така лесно влегоа и излегоа од салата.
За време на телевизискиот пренос не се забележа што се случува на трибините, но излезе снимка од другата страна што го открива целиот инцидент.