
Алваро Арбелоа ја презеде тренерската позиција во Реал Мадрид по заминувањето на Чаби Алонсо, но најверојатно ќе остане таму само до летото, кога би можел да се именува тренер со повеќе искуство во сениорскиот фудбал.
Еден од потенцијалните кандидати е изненадување, ако станува збор за реализација на договорот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Всушност, како што пишува „Спорт“, се работи за Енцо Маерска, италијански стручњак кој во моментов е без ангажман.
🚨 Поранешниот тренер на Челси, Енцо Маерска, е на радарот на Реал Мадрид, бидејќи тие размислуваат за долгорочна ангажираност ова лето.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) 13 јануари 2026
(Извор: @Sport) pic.twitter.com/XVfiaJGyOF
Маерска претходно беше тренер на Парма, Лестер и Челси, а имаше и улога на помошник тренер во Манчестер Сити.
Инаку, шпанските медиуми известуваат дека Перез го посакувал Јирген Клоп, но познатиот германски тренер без размислување ја одбил понудата.
“Интересот на Реал Мадрид? Тоа нема никаква врска со мене и не предизвика никаков интерес кај мене. Заминувањето на Чаби Алонсо е знак дека таму не е сè како што треба. Шпанецот е извонреден тренер, но како наследник на легендарниот Анчелоти, кој имаше многу специфичен стил на раководење со екипите, не му беше лесно. Искрено ми е жал за него, бидејќи мислам дека е одличен тренер,” изјави Клоп во интервју за „Кикер“