Дома Фудбал Се подготвува сензационален трансфер на Левандовски уште оваа зима?

Се подготвува сензационален трансфер на Левандовски уште оваа зима?

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (37), изјави дека не се брза да го продолжи договорот со Барселона, кој истекува во јуни 2026 година.

Оваа изјава предизвика големи шпекулации за неговата иднина. Според извештаите од шпанските медиуми, два клуба се истакнуваат како можни нови дестинации – турскиот Фенербахче и италијанскиот Милан.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според информации од новинарот Сержан Хамзаоглу, турскиот фудбалски гигант, за сега не директно, покажува интерес за условите под кои Левандовски би можел да го пресели својот талент во Истанбул. Наводно, тие размислуваат за продажба на Јусеф Ен-Несири, кој има желба за трансфер во Саудиска Арабија, што би ослободило простор и финансии за ново засилување.

Извори блиски до клубот наведуваат дека Фенербахче може да понуди договор на период од година и пол, со почеток уште од јануари и траење до јуни 2027 година. Сепак, формални чекори се уште не се преземени, со цел да не се наруши хармонијата и стабилноста во тимот кој 28 пати бил шампион на Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ на повидок: Реал Мадрид подготвува понуда за Баерн од 160 милиони евра

Неверојатна шпекулација се шири низ Германија. Реал подготвува мега-понуда за Баерн Минхен…